Електронски градежни дозволи, хартиените нема да важат

Bez autora
Jun 02 2013

Од понеделник почнува електронското издавање на одобренијата за градба. Целата постапка е едноставна и се одвива по електронски пат, од поднесувањето на барањето до земањето на документот. Одобрението ќе се издава само во електронска форма, а доколку општината го издаде во хартиена ќе биде ништовно. Вклучените институции се подготвени за старт на овој проект, по кој Македонија е лидер во регионот. Целокупниот процес од апликација се до издавање одобрение за градба и жалбената постапка ќе оди по електронски пат. Во Министерството сме цврсто убедени дека со електронскиот систем, кој е прв во регионот, ќе се овозможи целосно поедноставување на процедурата, бидејќи самото движење на документите ќе оди исклучиво по електронски пат.

Електронски градежни дозволи, хартиените нема да важатОд понеделник почнува електронското издавање на одобренијата за градба.

Целата постапка е едноставна и се одвива по електронски пат, од поднесувањето на барањето до земањето на документот. Одобрението ќе се издава само во електронска форма, а доколку општината го издаде во хартиена ќе биде ништовно. Вклучените институции се подготвени за старт на овој проект, по кој Македонија е лидер во регионот.

- Целокупниот процес од апликација се до издавање одобрение за градба и жалбената постапка ќе оди по електронски пат. Во Министерството сме цврсто убедени дека со електронскиот систем, кој е прв во регионот, ќе се овозможи целосно поедноставување на процедурата, бидејќи самото движење на документите ќе оди исклучиво по електронски пат.

Значи многу едноставна процедура и многу потранспарентна, бидејќи секој апликант, ќе може да види во кој момент кај кого е неговиот предмет - вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Тој очекува дека со електронското издавање, ќе се намалат и времето на чекање на градежните дозволи, кое сега е ограничено на 45 дена и трошоците

Јанакиески и претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски најавија иницијатива за поголема понуда на градежни парцели од по 300 квадратни метри наменети пред се за изградба на куќи. Парцелите би се продавале на електронска аукција со почетна цена од едно евро за квадрат.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik